ЦРКВАТА СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН - НЕРЕЗИ
Во Скопје, како и по падините на живописните планини што го опкружуваат, во различни времиња биле изградени множество споменици на културата, меѓу кои со своето значење се истакнуваат неколку цркви и манастири. Меѓу нив посебно внимание привлеку-ва манастирската црква посветена на св. Пантелејмон-заштитни-кот на здравјето, што се наоѓа во село Горно Нерези. На ѕидовите на овој уметнички споменик е сочувано фреско сликарство, кое по своите квалитети со право се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од периодот на XII век, времето на вла-деењето на познатата династија на Комнените.
Зачуваниот натпис, врежан на мермерна плоча поставена над влезната врата ги дава основните податоци за историјата на црква-та, која била изградена и живописана во 1164 година, со средствата на византискиот принц Алексеј, син на Константин Ангел и Теодо-ра, најмладата ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен.
Посетувајќи ја денес црквата Св. Пантелејмон во Горно Нере-зи, на некој начин ни станува јасна замислата на принцот Алексеј, кој немал претензии да изгради монументална градба која со своја-та големина, употребениот материјал и раскошен мебел ќе ги засе-ни дотогаш познатите градби на Цариград или Солун. Неговата концспција оила значително поскромна во однос на големината и раскошот, но, како што денес заклучуваме, не и во однос на квали-тетот и мајсторството на градителите и живописците, кои биле поканети да го реализираат објектот. Дека принцот не згрешил во изборот, зборуваат хармоничните форми на црквата, за чие граде-ње бил употребен обичен кршен камен и тули извадени во околина-та на манастирот, но со големо мајсторство претворени во поли-хромни површини кои го потенцираат впечатокот дека објектот из-раснал од една монолитна карпа, која во горниот дел завршува со една поголема осмострана и четири помали четиристрани куполи.
Ако непознатиот градител спаѓал во редот на талентираните мајстори-градители, непознатите зографи на живописот, без сомне-ние, ги претставувале најзначајните имиња на византиските зогра-фи на своето време. Со силата на своето сликарство тие, покрај другото, овозможиле да биде исполнет, секако, и еден од основните мотиви на ктиторот - да не биде заборавен, што лесно можело да се случи, зашто принцот Алексеј, колку што денес ни е познато, спагал мегу помалку познатите личности од фамилијата на Комне-ните.
Од времето на градењето на црквата во 1164 година до 1555 година, кога во овој регион се случил еден од посилните земјотре-си, во ова турско подрачје, манастирот бил наполно зачуван. Какви биле и колку настрадале старите манастирски конаци не е познато, но за црквата со сигурност се знае дека ја изгубила централната ку-пола во која, може да се претпостави, бил насликан Исус Христос Пантократор со фигурите на пророците фланкирани од страните на осумте прозорци. Биле оштетени и некои од сводовите во кои биле насликани композиции што ги илустрираат големите празни-ци. Загрижените калуѓери на манастирот, помогнати од население-то, во тие тешки денови на ропството под османлиите, нашле сили и средства да ја обноват црквата. Овде е место да ја подвлечеме го-лемата љубов, но и усет за високите вредности на сликарството на оваа црква што го покажале, од една страна обновувачите, а од друга зографите кои биле поканети да го изведат живописувањето на новоизградените површини. Работејќи на новиот живопис тие настојувале да го зачуваат секој квадратен сантиметар од стариот, подредувајќи го својот цртеж и композиција кон фрагментарно зачуваните фигури од стариот живопис. Овие настојувања посебно ги ислустрира композицијата „Причестувањето на апостолите" насликана во просторот на апсидата, каде под некои од новонас-ликаните светители се распознаваат и делови од телата на светите-лите, кои биле насликани во рамките на стариот живопис.
Така, од периодот на втората половина на XVI век, до втората половина на XIX век, посетителите на нерешката црква имале можност да ги гледаат и старите и новите фрески, односно живопи-сот од 1164 година и оној насликан по силниот земјотрес од 1555 година, но тоа за жал, од втората половина на XIX век, било оне-возможено поради една чудна одлука, врз постариот живопис да се наслика нов. Новонасликаниот, дело на сосема невешт зограф, по-кривајќи го во целина стариот живопис, и тој од 1164 година, и оној од втората половина на XVI век, до крајна мера го изменил внатре-шниот изглед на црквата.
Благодарејќи на научниот интерес на познатиот историчар на византиската уметност Никола Окуњев, во 1926 година, повторно е откриен поголем дел од стариот живопис. Ова откритие ги отвора вратите за интензивно проучување на нерешкиот живопис, при што посебно внимание му е посветено на проблемот на хронологијата, иконографските особености и стилските карактеристики. По извршените проучувања, живописот на непознатите нерешки зогра-фи беше вброен меѓу најзначајните споменици на византиската ум-етност, во прв ред поради извонредните сликарски квалитети. Ну-жно е да се нагласи дека до времето за поопстојното запознавање со вредностите на ова сликарство, постоеја одредени тенденции за оспорување на креативноста и еволуцијата на византиската умет-ност. Меѓутоа, нерешките зографи, со силата на својот талент ги отстранија сомневањата, покажувајќи ја недвосмислено токму таа креативна нота на своето сликарство. Се разбира, и нивното сли-карство се одвива во рамките на општите стилски норми во ликов-ното изразување од периодот на XII век, но она што е ново, кре-ативно, тоа, секако, е стремежот за подвлекување на драматизмот во композицијата и силно одбележување на емоционалните содрж-ини на ликовите. Денес, кога се зборува за развојот на византиско-то сликарство од XII век, со тенденција да се дефинира карактерот на оваа уметност и патот на нејзиниот развој, заедно се разгледу-ваат достигнувањата на зографите во неколку познати цркви: во градот Костур, Св. Бессребреници Кузман и Дамјан и Св. Никола, во Преспа, црквата Св. Горѓи во село Курбиново - со живопис нас-ликан во 1191 година. Меѓу сите овие творци, нерешките мајстори ги презентираат врвните достигнувања на цариградската дворска уметност, додека зографите на костурските цркви, иако под директ-но влијание на дворските зографи не се во состојба да ги скријат слабостите на провинциските сликари - занаетчии. Нивната композиција во извесна мера е наивна а цртежот несигурен. Слични се и карактеристиките на живописот во Курбиново.
Веќе споменавме дека црквата во Нерези, по своите димензии, спаѓа во редот на помалите цркви од типот впишан крст во право-аголен простор, во случајот комбинација со слободен крст. Оттаму и содржината и распоредот на живописот се прилагодени кон можностите што ги нуди црква со мали димензии и од ваков ком-биниран тип.
Над цоклата што имитира разнобојни мермерни плочи, во првата зона се насликани фигури на светители во цел раст - непов-торлива галерија ликови со максимално издиференцирани физио-номии. Лесно ги распознаваме и следимб по нивните индивидуални белези, зашто некои се претставени како добродушни старци, задо-волни од она што го сториле во животот, други како сериозни и строги, спремни секој момент да направат забелешка поради не-што, макар тоа да е само посмело движење или повисок тон. Едни се намуртени како да изразуваат Мезадсѓволство од она што го по-стигнале проповедајќи ги начелата на христијанската религија, други замислени како да жалат за изгубеното време. Галеријата ликови во цел раст се одликува и по бројноста на вешто насликаните свети воини, кои се предадени како млади и силни мажи облечени во панцирни кошули и богато украсени туники, со комплетно нао-ружување и големи штитови в раце. Во просторот на олтарот, по столбовите и на ѕидовите на црквата насликани се допојасни фигу-ри на светители во медалјони, меѓу кои, со својот цртеж, прекрас-ниот колорит и ненадминатата експресивност посебно се истакну-ваат ликовите на светите врачи Кузман и Дамјан, од кои ликот на Дамјан, ни се чини, ги содржи сите достоинства на овој единствен по својата вредност сликарски ансамбл. Кога ги споменуваме лико-вите насликани на столбовите, во источниот дел на црквата, треба да нагласиме дека на челната страна, во посебни копаничарско обработени штукатурни рамки, украсени со орнаменти од препле-тена лозница со широки лисја и стилизирани пауни, насликани се од едната страна патронот на црквата св. Пантелејмон, а од друга-та св. Богородица со малиот Христос в раце. Св. Пантелејмон е претставен како висок, нежен и продуховен младич, кој во десната рака држи скалпел, а во левата кутија за лекови. Нужно е да се на-гласи дека споменатите фигури со своите штукатурни рамки сочи-нуваат една целина со камениот иконостас, од кој до денес остана-ле: архитравната греда, еден столб со капител и дел од парапетна плоча, сосема доволно за да се изврши реконструкција.
Внимателно разгледувајќи го живописот во нерешката црква, на секого му станува јасно дека е дело на повеќе раце, меѓу кои на двајца главни мајстори кои се разликуваат помеѓу себе, не толку по цртежот колку по колоритот. Но, работејќи подолго време заедно успеале да го подредат и цртежот и колоритот кон една единствена цел - динамично и драматично сликање на настаните раскажани во светото евангелие, подвлекувајќи ја при секоја можност својата определеност на фигурите да им вдахнат разбранет внатрешен живот.
Нужно е да одбележиме дека и во обемната литература, која од ден на ден се зголемува, се искажани веќе одредени мислења за бројноста на зографската тајфа којашто работела на живописува-њето на црквата Св. Пантелејмон во Нерези. Така, В. Лазарев смета дека живописот го работеле неколкумина мајстори (четворица или петмина). За главниот мајстор, В. Лазарев смета дека е повиканиот мајстор од Цариград, со чија рака бил изведен живописот на најод-говорните и најосветлените делови во црквата. Кон овој дел при-паѓаат и досега најзначајните зачувани композиции: „Сретење", „Преображение", „Лазарево воскресение", „Раѓање на св. Богоро-дица", „Воведение на св. Богородица во Храм", „Влегување во Еру-салим", „Симнување од крст" и „Оплакување Христово". Главниот мајстор се покажува многу опитен и сосема уверен во себе. Тој сли-ка брзо и смело владеејќи со еден широк дијапазон сликарски по-стапки, во што се покажува неговата првокласна обука. Вториот зограф, според Лазарев, најблискиот помошник на главниот мајстор кој ја работел композицијата на Евхаристијата (Причесту-вањето на апостолите) и некои од ликовите на светите воини, рабо-ти со помалку сигурен манир и слика со нешто поразводнети бои. На овие двајца главни зографи им помагале двајца или тројца уче-ници, чии раце можат да се распознаат во живописот изведен во нартексот и во страничните простории. Нивната работа уште по-веќе отстапува од работата на главниот мајстор. Кога зборуваме за живописот на нартексот и на страничните простории, односно за работата на учениците на главниот мајстор и неговиот најблизок помошник, сакаме да ја нагласиме мислата на познатиот исто-ричар на византиската уметност В. Лазарев за можноста учениците да биле од редот на зографите кои живееле и работеле во овој ре-гион. Оваа мисла има многу реални согледувања и ни се чини дека В. Лазарев не греши кога укажува на таа можност.
Но да се вратиме кон делото на главниот нерешки зограф. Ка-ко врвни негови достигнувања се сметаат, пред се, композициите:
„Оплакување Христово" и „Симнувањето од крстот".
Композицијата „Оплакување Христово" е позната тема која се среќава скоро во сите цркви насликани пред и по живописување-то на нерешката црква. Но, „Оплакувањето" во Нерези од сите нив се разликува, не толку по иконографските 1госебности, колку по из-весни елементи што се покажуваат како достоинство на непозна-тиот зограф од Нерези. Во прв ред тоа е потенцираното истакнува-ње на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богоро-дица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син. Нејзи-ното лице изразува болна гримаса на длабока жалост. Нејзиниот поглед е вперен во лицето на мртвиот син што го држи во драма-тична прегратка. Богородица во оваа композиција не е онаа позна-та мајка од постариот живопис, која со крајно воздржани гестови, со лесно наведната глава,.или само со малку крената рака ги ис-кажува внатрешните чувства. Овде св. Богородица е мајка која плаче за својот мртов син. Нејзиното лице е згрчено, веѓите се сил-но подигнати и набрани, усните стегнати во грч, а од очите избива тага којашто се пренесува и на другите личности во композицијата. Напуштајќи го Цариград непознатиот зограф како да се почувству-вал послободен. Се добива впечаток дека неговото дело настанало под влијание на описите од апокрифната литература. Во Никоди-мовото евангелие или во делото на Георгие Никомедијски, св. Бо-городица е опишана како обична мајка која откако го видела тело-то на својот мртов син положено на земја, не можела да ги потисне во себе чувствата, се фрлила врз него прегрнувајќи го и леејќи вре-ли солзи. Во тој поглед нерешкото Оплакување станува навистина неповторлива слика, вистинска вредност на византиското сли-карство. Споредувањето на оваа композиција со друга, на_пример со прочуеното „Оплакување" на италијанскиот сликар Ѓото, рабо-тено околу 140 години подоцна во Капела Арена во Падова, по-кажува дека нерешкиот зограф повеќе внимание му посветил на прикажувањето на внатрешните чувства на насликаните личности и далеку повеќе успеал во тоа од славниот Ѓото. Италијанецот сво-ето внимание го свртел повеќе кон обработката на облиците на сво-ите фигури, давајќи им силна тродимензионална реалност, така, ни се чини дека се работи за фигури со полна пластичност, што нере-шкиот зограф не ја постигнал. Меѓутоа, нерешката св. Богородица плаче, нејзината болка ги пара срцата, а Ѓотовата е претставена ка-ко млада, крепка жена со малку натажено лице.
Споредувањето на сликарството на нерешките зографи со тоа на Ѓото, само по себе наметнува едно прашање, кое, впрочем, во из-минатите години честопати е поставувано од љубителите на сред-новековната уметност. Тоа е прашањето за појавата на ренесансни елементи во ова сликарство, поточно прашањето би гласело: дали има место да се зборува за некакви ренесансни елементи во нере-шкото сликарство?
Продлабочените студии покажаа дека одговорот е негативен ако се мисли на ренесансни елементи во смисла на тие од итали-јанската ренесанса чиј прв весник е токму Ѓото, но, се разбира одго-ворот би бил потврден ако се мисли на елементи што ги носи т.н. ренесанса на Комнените. Зашто, сосема е јасно дека на Балканот, во тој период, а и подоцна, не постоеле никакви, во прв ред еко-номски, а потоа политички и други услови што би овозможиле по-јава на ренесанса во смисла на италијанската, и тоа повеќе од еден и пол век порано отколку во Италија.
Својата основна концепција за прикажување личности со јас-но изразени внатрешни чувства, сликање композиции со силно из-разен драматизам, непознатиот нерешки зограф успешно ја спрове-дува и во познатата композиција „Симнувањето од крстот". Во еден сосема реален простор, во кој сината линија на небото се до-пира со маслинесто-зелената линија на земјата, е поставен голем дрвен крст за чиј долен дел се уште се приковани нозете на мртвиот Христос. До крстот, избивајќи во предниот план, поставени се лест-вици на кои е застанат Никодим кој во рацете го држи мртвото те-ло на Христа. Од левата страна е св. Богородица, а од десно св.Јо-ван. Од иконографска гледна точка, би се рекло, нерешката компо-зиција не се разликува многу од истата насликана во периодот на XI век во криптата на манастирот Св. Лука во фокида. Но, токму ова споредување покажува кои се новините што ги внесува зогра-фот на Нерези. Св. Богородица во сликарството на манастирот Св. Лука ја држи раката на Христа како да сака да предизвика сочувство за нанесените рани, но во Нерези таа го прегрнува мртвиот син, чиешто тело е опуштено, нежно допирајќи го своето лице до неговото. Нежната мајка, и овде растргната од тешка бол-ка, се поведува по силните мајчински чувства, не водејќи сметка за воздржаноста што беше една од карактеристиките на византиското сликарство од претходната епоха.
Опишувајќи ги композициите што ги илустрираат „Страда-њата Христови", треба да нагласиме дека не помалку интересни и значајни за византиското сликарство биле композициите насликани на сводовите, но тие, за жал, биле уништени во силниот земјотрес од 1555 година.
,Во втората зона, најужниот ѕид, се наоѓа композицијата „Вле-гување во Ерусалим". И оваа композиција е мошне оштетена, но сепак импозантно делуваат сочуваните ликови на десната половина од композицијата каде што се насликани граѓаните на Ерусалим коишто застанати пред портата на градот, го пречекуваат Христа. Меѓу нив се забележува и една жена, која сакајќи да му овозможи на своето дете да го следи доаѓањето Христово, го качила на рамото.
На западниот ѕид, по целата широчина, претставени се две значајни композиции: „Раѓањето на св. Богородица" и „Воведение-то". Разгледувајќи ги, нашето внимание посебно го привлекуваат неколку вешто изведени детали, меѓу кои најинтересен е капењето на малата Богородица во голема када, како и групата жени кои држат тасови во рацете. Во втората композиција вниманието го привлекува групата девојки со своите продуховени лица. На север-ниот ѕид, насликана е композицијата „Лазарево воскресение". Во предниот план зографот насликал интересен детал. Силен човек со голем напор ја крева надгробната плоча настојувајќи да ја префрли од едната, на другата страна. Десно од него, пред нозете на Христа, насликани се сестрите на Лазар, од кои едната ги бакнува нозете Христови, а другата е свртена кон својот воскреснат брат, каќо да сака уште еднаш да се увери дали навистина воскреснал.
Ако во досега споменатите композиции, посебно во „Оплаку-вањето" и „Симнувањето од крстот", теренот на кој се случуваше собитието беше лишен од секаква вегетација што, сметаме, на посе-бен начин го покажуваше и емоционалниот однос на зографот кон собитието што го слика, во композицијата „Преображение" гледа-ме, не толку бујна, но разновидна и педантно изведена вегетација меѓу која забележуваме стари глуждовити маслинови дрвја, трева, црвени и сини цветови.
Во композицијата „Сретење", насликана на јужниот ѕид, зог-рафот, за да го одреди точно местото на настанот, грижливо ја обработува внатрешноста на просторот, сликајќи цокла од разно-бојни мермерни плочи, вообичаена декорација во сите поголеми и побогати храмови. И покрај статичноста на фигурите што доаѓа од иконографската содржина на оваа композиција, зографот нашол начин да внесе и драматична нота. Тоа е живото движење на ис-плашениот Христос во рацете на св. Богородица.
Во олтарниот простор насликани се во цел раст, во првата зо-на, архиереите од „Великиот вход" облечени во бели полиставрио-ни со темноцрвени крстови. Под композицијата „Причестување на апостолите" насликана е „Хетимасијата".
Меѓу ликовите насликани во поткуполните странични просто-ри посебно внимание заслужува ликот на св. Трифун, облечен во бел хитон и црвен химатиот. Светлозелениот ореол го потенцира продуховеното младо лице вбројувајќи го меѓу најуспешно наслик-аните ликови, не само во оваа црква, туку во византиското сли-карство, воопшто.
Досега споменатите ликови и композиции, како и оние кои по овој повод не ги спомнавме, изведени со рацете на нерешките зог-рафи, претставуваат единствена галерија на врвните достигања на уметноста од времето на Комнените кои стигнале до нас.
II
Веќе спомнавме дека по земјотресот од 1555 година, црквата била обновена. На новоизградените површини бил изведен живопис. Непознатиот зограф, поставен пред задачата да ги покрие со фреско празните површини, тргнал од концепцијата која била при-фатена и практикувана во XVI век. Над зоната со стариот живопис тој поставил фриз од медалјони со маченици, но заради тесниот ре-пертоар не бил во состојба да пронајде нови, адекватни за оваа црква, сцени, или едноставно да ги повтори оние што недостасува-ле поради уништувањето, туку едноставно почнал да ги слика оние сцени што му биле познати и подготвени за сликање во нова црква, заборавајќи дека на ѕидовите некои од нив веќе се насликани. Така, денес, разгледувајќи ја црквата, наидуваме на истите композиции, една&