Free Web Hosting Provider - Web Hosting - E-commerce - High Speed Internet - Free Web Page
Search the Web

ЦРКВАТА СВ. СОФИЈА

Меѓу поинтересната народна архитектура од XIX век, во стариот дел на градот се издига црквата Св. Софија, една од најзначајните споменици на средновековната архитектура и уметност во Македонија.

Историските податоци за подигањето на црквата се мошне сиромашни. Не е зачуван ниту еден натпис во кој би се укажувало на времето на ѕидањето, или живописувањето на овој значаен споменик на културата. Главно поради ова, интересот на научниците од секогаш бил свртен кон проблемот за одредување на возможниот период од постанокот на оваа црква. Резултатите од овие напори иако не се сосема дефинитивни, сепак помагаат да се добие една поодредена слика во врска со историјата на овој споменик. Така, како резултат на испитувачките работи, се утврди дека првата црква посветена на св. Софија била изградена на постаро култно место, а за тоа ни зборуваат материјалните траги што се откриени длабоко меѓу темелите. Постојат мислења дека црквата што веројатно постоела по времето на Самуил, од непознати причини била разурната, и дека денешната црква Св. Софија била изградена, односно престроена, во време на архиепископот Лав (1035/56 година) првиот Грк на охридскиот престол. Ова се дознава од еден грчки ракопис кој се чува во француската Национална библиотека во Париз.

Црквата Св. Софија е една од најголемите средновековни цркви во .Македонија. Таа долго време била соборна црква на охридската архиепископија.

Надворешниот изглед на црквата е во форма на буквата „Т", со заеднички продолжен и попречен покрив на две води. Првобитно црквата имала една главна купола, а подоцна во XIV век изградено е надворешното предворје. По својата форма, црквата од XI век припаѓа на трокорабни базилики со трансепт и проширен нартекс на кат, над чијшто централен дел се издигала купола веројатно камбанарија. На источната страна црквата завршува со широка ап

сида, фланкарана од двете страни со апсидите на ѓакониконот и проскомидијата. Олтарниот простор бил одделен со мермерен иконостас, одкој останал зачуван поголем дел.

Каков што е случајот и со другите значајни споменици цркви во нашата земја и надвор од неа, на Св. Софија кон првобитната градба, скоро три века подоцна, бил додаден дел што со времето станал еден организам со првобитна концепција. Врз основа на натпиеот изведен на мошне оригинален начин, на фасадата од додадениот дел, произлегува дека бил изграден во 1317 гдина, во времето на охридскиот архиепископ Григорие, кој е познат и од натписот на цибориумот од истата црква. До денес не е утврдено, иако постојат многу веројатни претпоставки за тоа, како и кога црквата Св. Софија од трокорабна базилика со купола и трансепт, станала трокорабна без куполна базилика. Некои сметаат дека турските завојувачи ја нашле големата катедрална црква со веќе урната купола. Подоцна, во време на преправката во џамија, на местото од некогашната купола бил изведен полукружен свод. Но, оваа констатација нема големи причини за сомневање, бидејќи на некои блокови, со кои е преѕидан споменатиот дел, се наоѓаат фрагменти на живопис што не бил варосан, како што било тоа направено со сиот друг живопис во внатрешноста на црквата. Претворањето на црквата во џамија станало веројатно како противставување на турските власти против бунтот, во кој учествувал и охридскиот архиепископ Доротеј. Веднаш по задушувањето на споменатиот бунт, веројатно дошло до премачкување на живописот со вар.

По претворањето на црквата Св. Софија во Охрид во цамија, надворешниот и внатрешниот изглед се изменети и прилагодени за мухамеданска служба. Тогаш, иконостасот потполно го изгубил својот првобитен изглед. Турците поставиле свод под срушената купола, а над попречниот корабтрансептитот, соѕидале четири нови столбови и сводови. Со варосувањето на фреските се имало тенденција црквата да го изгуби изгледот на христијански храм. Извршени се и други интервенции: надворешната припрата не била во употреба, стариот влез во неа бил затворен (затоа тука не дошло и до варосување на фреските), додека пак орнаментираните мермерни парапетни плочи од иконостасот на црквата биле извадени и искористени при изградба на мимбарот, кој и денес е зачуван во олтарниот простор на црквата.

Кон северната страна на надворешната припрата било соѕидано,минаре, а срушено е во 1912 година.

Кон северната страна на црквата, негде во XIX век, Турците подигнале отворен трем со искористени колони од камен од други порушени градби.

Подоцнежните доградби, поправки, забот на времето, како и последиците од земјотресите, ја доведоа црквата Св. Софија во мошне незавидна положба. Но, по ослободувањето веднаш се преземени конзерваторскореставраторски работи на архитектурата и живописот, со што е извршено консолидирање на ѕидовите, а фреските се исчистени, конзервирани и презентирани на нашата јавност и на целиот свет.

Над ѓаконикот и проскомидијата, горе, на катот, се наоѓаат две капеличкипараклиси, изградени во Комненовиот период. Горе над предверјето на северната страна, се наоѓа Оливеровата капела од XIV век, посветена на св. Јован.

Западната фасада на црквата Св. Софија е решена хармонично, со поделба на површините и комбинација на прозорци и други отвори, ќако и со различните декоративни украси изведени од тули. Сето тоа е постигнато со ретко високи уметнички архитектонски квалитети во полихромијата и со хармоничност. Со право може да се смета дека западната фасада на црквата Св. Софија спаѓа во ремекделата на средновековната архитектура, и како таква претставува единствен зачуван пример во нашето градежништво.

Со обемните конзерваторски работи извршени во 19501956 година што ги изведе Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, на живописот станаа видливи извонредните фрески, што претставуваат врвни достигања на средновековното сликарство во Македонија и надвор од неа.

Во црквата Св. Софија зачуван е живопис од повеќе периоди:

XI, XII, и XIV век. Најголем дел од зачуваните фрески припаѓаат на периодот од XI век, насликани во олтарниот простор, ѓаконикот, проскомидијата во наосот и во приземјето на нартексот. Со право може да се рече дека најстарата зачувана сликана целина во Охрид црквата Св. Софија, му припаѓа токму на она време, кога Охрид повторно потпаднал под непосредната власт на Цариград и цариградскиот двор.

Врз основа на стилските и иконографските особености, овој живопис му припаѓа на XI век. Иако фреските се работени во олтарот, ѓаконикот, проскомидијата, наосот и припратата, очевидно е дека припаѓаат на една концепција, но тие се дела на поголем број зографи.

Од зачуваните фрески во долните зони наГолтарот, се распознаваат портретите на цариградските, антиохиските, александриските и ерусалимските патриарси и архиепископи. Тој избор на ликови и композиции укажува на врските на овој живопис со цариградскиот двор и цариградската патријаршија. Тие се дури и сврзани за определени политички услови и јасни политички и верски програми.

За стилот на фреските од XI век карактеристична е монументалноста во ставовите на фигурите, архаичните форми градени со широки линии, во кои колоритот е подреден на идејата и на цртежот. Фронтално поставените фигури со широко отворени очи и спиритуалниот изглед го потенцираат симболичниот карактер на овој живопис. Во првата зона се сцени од стариот завет. Јужната страна е циклус од сцени од животот на Аврама, а на северната „Три момчиња во вжештената печка" и „Јаковлевата лествица". Над нив, во втората зона, се две фризи на ангели, додека на сводот е големата композиција „Вознесение Христово". Во олтарната апсида меѓу прозорците се насликани светите отци, а над нив е композицијата „Причестувањето на апостолите". Во полукалотата е претставена Богородица со Христа, а во апсидата на ѓакониконот шест римски папи и „Четириесет маченици" во апсидата од проскомидијата. Меѓутоа, во живописот од XI век како да се чувствува и едно ново барање во кое доаѓа до израз и негувањето на пореалистички елементи, што може да се види во композицијата „Жртва Аврамова". Широкиот простор на ѕидовите и малиот број на сцени, условило ликовите во композицијата да бидат покрупни, односно во натприродна големина. Карактеристично е исто така, дека мајсторитезографи работеле под влијание на античката уметност, што е забележливо, особено, во ликовите на фризот со ангели, но постои разлика меѓу античкото и ова сликарство.

Фреските во црквата Св. Софија, претставуваат голема ликовна и иконографска целина во црквеното сликарство од XI век, а што е уште поважно, тоа е една од најзначајните зачувани целини во византиското монументално сликарство, на тоа време, воопшто. Тука, во оваа црква за првпат се јавуваат зачувани повеќе иконрграфски теми, што подоцна ќе станат вообичаени за ѕидното сликарство во нашите цркви и манастири.

Покрај живописот од XI век, по ѕидовите на црквата се зачувани и фрески од XII век. Се смета дека на овој период му припаѓаат:

св. Богородица, што се наоѓаше над Богородица со Христа во олтарната апсида, како и десет сцени со илустрација на мачењето на апостолите. Фреските во Оливеровата капела посветени на св. Јован, припаѓаат на времето од XIV век. Овде на задниот ѕид во состав на молитва е претставен охридскиот архиепископ Никола, потоа деспот Оливер, жена му Марија и двата сина.

Во припратата на Глигорие изведен е живопис од XIV век со позначајните композиции: „Страшниот суд" и „Приказната за прекрасниот Јосиф". На катот од припратата претставен е Виселенскиот собор и редица фигури кои стојат.