МАНАСТИРОТ СВ. НИКИТА-С. БАЊАНИ
На падините од Скопска Црна Гора, северозападно од Скопје, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер, на една возвишеност, по-дигнат е манастирот Св. Никита, значаен споменик на средновеков-ната македонска архитектура и живопис. На темелите од постара црква, кралот Милутин ја подигнал манастирската црква како сво-ја задужбина во 1307/8 година. Скоро во исто време од спомена-тиот владетел била подигната и една капела од јужната страна на црквата, која била посветена на св. Јован Претеча.
Црквата на манастирот Св. Никита била неколкупати попра-вена. Во 1574 годинајужниот влез бил поправен, а според еден нат-пис од 1692 година црквата била обновена. Тогаш наполно била ур-ната и капелата посветена на св. Јован Претеча. Во XIX век на ку-полата е изградена нова калота поради тоа што старата била урна-та.
Архитектонски, црквата е решена^во форма на впишан крст во правоаголно пространство, купола подигната со помош на пандан-тифи и четири четвртести столбови. Ѕидана е од камен и тули пов-рзани со малтер. За украс на фасадите применети се слепи аркади исполнети со разни геометриски орнаменти, кои на споменикот му даваат декоративен и живописен изглед. Ова особено е потенцира-но на олтарната апсида. Првобитните мали прозорци на јужната и северната страна на црквата биле затворени а на нивно место отво-рени се други во вид на бифори.
Живописот на црквата потекнува од времето кога е градена, со исклучок на некои делови како што е случајот со фреските во ку-полата каде има понов живопис од XIX век. Потребно е да се каже дека во црквата има фрагментарно сочуван и постар живопис од старата првобитна црква на чии темели е подигната денешната, и тоа во долните делови на ѕидовите од столбовите и во олтарната апсида.
Врз основа на натписот, кој се наоѓа на штитот од Теодор Ти-рон најужниот ѕид во првата зона, дознаваме дека цркватаја зогра-фисале зографите Михајло и Евтихие. Истите мајстори се автори и на фреските во црквата Св. Климент (Богородица Перивлептос) во Охрид, и црквата Св. Ѓорѓи во село Старо Нагоричане, Куман-овско.
Живописот на црквата Св. Никита, како и кај други цркви, по-делен е во зони. Првата зона ја сочинуваат светители во_цел раст кои се анфас сликани. Фреските во втората зона се посветени на „Христовите чуда", од кои посебно се истакнува композицијата „Свадбата во Кана". Во оваа композиција, еден од присутните е насликан со грб спрема гледачот. Сличен пример имаме и во црквата Св. Богородица Перивлептос, каде сликале истите мајсто-ри, и тоа во композицијата „Тајна вечера". Некои личности, како што е детето кое пита, се прикажани на многу реалистичен начин. Покрај оваа сцена, во таа зона се насликани и композициите: „Исцеление на младата жена", „Христос со Самарјанката", „Исцеление на младиот човек од водена болест", „Изгонувањето на трговците од храмот" и др. Во композицијата „Изгонувањето на трговците од храмот", што се наоѓа на северниот ѕид, мошне интензивно делува ликот на Евреинот, менувач на пари, кој во левата рака држи кути-ја, а во десната каса со пари.
Третата зона ги илустрира „Христовите маки". Меѓу зачув-аните и позначајните композиции се: „Тајната вечера", „Миење на нозете на апостолите", „Качување на крстот", „Симнување од крстот" и „Оплакувањето". Во олтарната апсида е Причестувањето на апостолите, додека на западниот ѕид е „Успението на Богороди-ца".
Во живописот на Св. Никита се согледуваат извесни разлики од живописот на Св. Климент, што секако сејавуваат како последи-ца од еволуцијата на разбирањата на уметниците. Додека во Св. Климент (Богородица Перивлептос), подигната неколку години по-рано, се уште преовладува извесна монументалност карактеристич-на за живописот од претходните периоди. Во црквата Св. Никита јасно се изразуваат тенденциите на опширна наративност, која во XIV век ќе доминира во повеќе цркви во Македонија. Форматот на композицијата несомнено се смалува, а бројот на фигурите се зго-лемува. Карактеристично за овој живопис е и тоа што, покрај грч-ките натписи, сретнуваме и старословенски кои биле многу подост-апни за населението.