ЦРКВА СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТОС (СВ. КЛИМЕНТ)
Со доаѓањето на првите македонски просветители Климент и Наум во Македонија, Охрид станал центар и жариште на културата и просветата не само за македонскиот туку и за другите словенски народи. Тука се преведувале црковни книги од грчки на словенски и биле удрени темелите на словенската писменост. Најстарите цркви и манастири во Охрид и неговата околина, всушност биле првите училишта каде што се слушал мајчиниотЈазик. Во Охрид, Климент и Наум го одбележале патот по кој оделе нивните ученици во ширењето на писменоста по сите краишта на Македонија, и воделе борба за одржување на својот народен јазик. По бреговите на Охридското Езеро почнале да се подигаат многубројни цркви и манастири; долу, на јужниот брег од езерото, Наум го основал манастирот Св. Архангел, денешен Св. Наум, а горе, на ридот, под Самуиловата тврдина, Климент го подигнал манастирот Св. Пантелејмон, и со сопствена рака си изградил гробница во која подоцна, 916 година, бил погребан.
Подоцна, во стариот дел на градот, близу Горна порта, била подигната црквата Св. Богородица Перивлептос^денешен Св. Климент. Спаѓа меѓу најстарите и најубавите цркви во Охрид. Во написот што се наоѓа на западниот влез во нартексот, меѓу другото се вели дека ктитор на црквата бил византискиот војсководител Прогон Згур, зет на византискиот император Андроник II Палеолог. Од натписот можеме исто така да констатираме дека црквата била посветена на св. Богородица. Меѓутоа, кога Климентовата црква Св. Пантелејмон (на Имарет) била урната и Турците ја претвориле во цамија, црквата Св. Богородица Перивлептос, охриѓани почнале да ја викаат Св. Климент затоа што моштите Климентови тогаш биле пренесени во оваа црква, односно најпрвин во малата црквичка наречена Мал Св. Климент, а подоцна во денешната Св. Климент. Потоа, црквата Св. Климент станала соборна на охридската архиепископија бидејќи и најголемата охридска црква, која всушност била соборна, била претворена во џамија, а тоа е црквата Св. Софија во Охрид. Тогаш многубројни црквени предмети, киг, ракописи, икони и друго биле пренесени во црквата Св. Климент. И така црквата Св. Климент (Св. Богородица Перивлептос) станала ризница на многубројните стари книги, ракописи, плаштеница, како и значајни икони, од кои некои се зачувани до денешни денови. Иако денес не е зачувана, познато е дека во црквата Св. Богородица Перивлептос (Св. Климент) се наоѓала сребрената рака за иконата Исус Христос, подарена од охридскиот архиепископ Димитрие Хоматиан, заедно со иконата. Потоа, плаштеница, подарена од императорот Андроник Палеолог на охридскиот архиепископ свилениот прекривач од епискиот деспот Теодор Комнен итн. Сето ова било пренесено во црквата Св. Климент. Од своја страна пак, ктиторот на црквата Св. Богородица Перивлептос Прогон Згур и подарил покривка извезена во сребро со претстава на „Распетието Христово".
Основата на црквата е во форма на впишан крст во правоаголно пространство. Кон западната страна. во исто време кога е градена црквата, подигнат е нартекс со крстосни сводови и слепа купола во централниот дел на сводот. Над централниот дел од црквата наосот се издига единствената купола што ја има црквата, чии тамбур се држи на четири четвртести столбови. На источната страна црквата завршува со олтарна апсида, која за разлика од другите нејзини фасади, најповеќе е декорирана со помош на тули. Се до средината на XIV век, кога бил подигнат северниот параклис од деволскиот архиепископ Григорие и јужниот параклис, а најверојатно и отворен трем' на сите страни освен источната, фасадите на црквата биле слободни. Местата што не биле покриени со живопис и денес ни сведочат за убавата керамокласична декорација на фасадите. Врз основа на најновите проучувања, црквата имала отворен трем, кој ги штител фреските насликани во средината на XIV век. Кога настанал мрачниот период на турското ропство, најверојатно дошло до пропаѓање на отворениот трем, а со тоа и до скоро уништување на живописот од фасадите, особено тој на јужната страна. Некаде кон средината на XIV век, за време на архиепископот Прохор, кога охридската архиепископија почнала административно и економски да зајакнува, бил обновен живописот на западната фасада и поставен нов. Вековните таложења на чад од горењето на свеќи и кандила, како и освежувањата со лак, придонеле фреските во црквата Св. Климент да станат невидливи се до најново време. Желбата на црквените власти во XIX век фреските да бидат исчистени и освежени, со што би се повратил првобитниот изглед, всушност го забрзале процесот на нивното потемнување. Мајсторитезографи од XIX век, не познавајќи никакви методи за чистење на фреските, со задоволство ги освежувале фреските со лак. Кога и тие,рсветлувања не дале крајни резултати, во 1889 година бил повика^ зографот Стеван од Лазарополе, кој преку потемнетите стари фрески, почнал да слика нови ликови, а на местата каде што се загубиле и последните траги од живописот, зографот Стеван од Лазарополе сликал нови композиции со мрсни бои на бела мрсна подлога, а каде што се наѕирал стариот живопис вршел ретуширање со иста техника. Овој зограф одел дури и дотаму што на некои места преку грчкиот текст ги обележувал композициите со словенски натписи и сигнатури. Таква била состојбата на фреските во црјфата Св. Климент се до 1950 односно 1959 година, кога Републичќиот завод за заштита на спомениците на културата ги отпочна систематските конзерваторски интервенции на архитектурата и на живописот од оваа црква. Тогаш, меѓу многубројните композиции беа откриени имињата на авторитезографи Михајло и Евтихие, кои подоцна ги живописале: црквата Св. Никита 1307 година, во с. Бањани (Скопска Црна Гора), и црквата Св. Ѓорѓи (13171318) во Старо Нагоричане, Кумановско.
По извршените конзерваторски работи на живописот во црквата Св. Климент, се доби дефинитивен преглед и претстава дека фреските во црквата, почнувајќи од олтарната апсида до нартексот, и од цоклата па до врвот на куполата, сите ѕидни површини биле насликани од познатите зографи Михајло и Евтихие.
Живописот во црквата Св. Климент го прави овој споменик да биде вбројуван меѓу најзначајните наши средновековни споменици. Се до најново време, односно до 1950 година, кога отпочнаа првите чистења на фреските, на јавноста не и беа во целост познати фреските во црквата Св. Климент, ниту пак имињата на зографите.
Фреските во црквата Св. Климент се поделени во три зони.
Фреските во блтарната апсида се насликани во три зони. Првата зона ја сочинуваат архиереи во цел раст, и тоа: св. Никола, св. Григорие, еден неидентификуван светец, св. Атанасие и св. Кирил. Втората зона во олтарот ја сочинуваат исклучиво фигури насликани до подгради, облечени во бели фелони и омофори. Фреските од оваа зона се многу добро зачувани. Третата зона ја сочинуваат три композиции: „Томино неверство" на северниот ѕид, „Причестување на апостолите" во конхата и „Тајна вечера" на јужниот ѕид. Првата од овие композиции е прикажана во две сцени';
во првата сцена Христос се наоѓа меѓу апостолите, а во другата сцена Христос е пред храмот со група апостоли, каде апостол Тома наречен „Неверниот Тома" покажува со испружена десна рака кон Христос, односно на неговата рана. Композицијата „Причестување на апостолите" го зафаќа конхалниот простор на третата зона. Композицијата е поделена во два дела: лево, шест апостоли го примаат лебот од Христа а десно, исто шест апостоли го примаат виното. Апостолите се предадени во движење. Сите се облечени во хисотни и химостиони, различни по боја. Од едната и од другата страна на цабориумот се наоѓа по еден ангел со рипиди в раце, а облечени во бели стихари и прари. Композицијата „Тајна вечера", насликана на јужниот ѕид го зафаќа целиот простор од ѕидот во олтарот. Во оваа композиција карактеристично е да се одбележи дека Јуда е прикажан во моментот кога ја испружил десната рака кон садот за да земе парче леб. Неговиот ореол е насликан сосема проѕирен, со што зографите сакале да го навестат неговото предавство.
„Богородица Ширшаја" е насликана во најгорниот дел, над композицијата „Причестување на апостолите". Богородица стои на пиедестал во став на Оранта. Таа е достоинствена како во изразот на лицето така и во стоењето.
Архиволтата во олтарната апсида е исполнета со ликови во медалјони, на кои, покрај Христос Емануил, архангел Михаил и архангел Гаврил, се насликани старозаветни пророци и заветници. На северната и јужната страна од архиволтата се насликани по петнаесет ликови во медадјони во кои фонот наизменично се повторува со жолта и индискоцрвена боја.
Композицијата „Вознесение Христово" го зафаќа централниот свод во олтарниот простор и е поделена на три дела: на северната страна се насликани шестмина апостоли, Богородица и еден архангел; на јужната исто шест апостоли и еден архангел, додека на самиот свод е Христос во мандорна со два ангела. Околу мандорната се распоредени четири ангели кои го држат небесниот свод.
Живописот на ѓакониконот е насликан во три зони: првата ја сочинуваат светци во цел раст, втората е со сцени од циклусот од животот на Јоаким и Ана. Потоа следат композициите „Среќавањето на Марија и Елисавета", „Трите момчиња во вжарената печка", а во третата зона се сцени од животот на Јован Крстител.
Фреските во проскомидијата го илустрираат животот на Богородица и се дадени во неколку сцени, во горните делови се композицијата „Аврамово гостол^убие", како и композицијата „Видението Василиј".
Голем е бројот на одделниликови и композиции во наосот на црквата. Во првата зона се светци во цел раст, главно пустинци, додека пак светците св. Димитрие, св. Горѓи, Теодор Тиран и (^тратилат, 'св. Прокопие и др. се наѕидани на двата западни столба. Во втората зона е илустриран живописот на Богородица, кој почнува најпрвин со неколку композиции од животот на нејзините родители Јоаким и Ана, и завршуваат со големата композиција „Смртта на БогородицаУспение Богородичино" насликана на западниот ѕид над влезот со множество фигури на. светци, народ и ангели кои ја оплакуваат.
Третата и четвртата зона во наосот се исполнети со композиции од животот на Христос. Големиот циклус со сцени од Христовите маки почнува со композициите: „Миење на нозете", „Молитва на маслинова гора", „Издајство Јудино", „Патот на Голгота", „Оплакување" и др.
Во овие композиции е потенциран драматизмот кој се негува и понатаму во нашето ѕидно средновековно сликарство.
Во калотата од куполата се наоѓа монументалната допојасна фигура на Христос Пантократор, опколен со ангели облечени во разнобојни драперии. Просторот во тамбурот на куполата го исполнуваат дванаесет пророци во цел раст.
Големите позиции се насликани на арките во наосот, тоа се:
на северната арка „Крштевање Христово", „Преображение Христово", на источната арка, „Сретение", „Рождество Христово", на западната арка „Влегување во Ерусалим" и „Распетие Христово", а на јужната арка „Сопнување во пеколот" и „Воскресение Христово".
Нартексот од црквата е живописан со повеќе композиции од Стариот завет, меѓу кои позначајни се: „Сонот на Набуходоносор". „ХристосАнгеа од Големиот совет" (на сликата во слепена калота) идр.
Фрескосликарството во црквата Св. Климент го претставува раниот и вредниот период од творештвото на зографите Михаило и Евтихие. За разлика од фреските во Св. Никита и Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане, овде не го среќаваме она што го карактеризира дворското и цариградското сликарство: одмереност на движењата, церемонијалност и типизирање на ликовите. Вештината во компонирањето на големите сцени во црквата Св. Климент посебно е воочлива во духовното. Така на пример, во композицијата „Оплакување на Христа" искажана е една човечка драма, што може да се види по изразот на лицата. Веќе во црквата Св. Климент, зографите Михаило и Евтихие се покажале како добри мајстори. Цртежите им се сигурни, колоритот усогласен, композициите хармонични, со многу иконографски новини, иако, зад себе, немаат дела кои би им служеле за непосреден урнек. Главите и рацете на насликаните фигури многу вешто се моделирани, особено кај одделни фигури што стојат. Карактеристични се фигурите на младите светители, полни со сила и енергија, широки лица, со снажни атлетски тела. Дури и старите пустиници и архиереите во олтарниот простор се сликани како робусни луѓе, полни со живот и енергија. На фреските во црквата не е присутна староста. Ако фрескоживописите се дело на млади сликари, а многу е веројатно дека се, тогаш тие својата младост, својот елан и живот, го изразиле и влеале на насликаните фигури во црквата Св. Климент. Ова сликарство со таква машка и херојска сила изразена во лицата на светите воини, не можеме да го сретнеме подоцна, во сликарството во Никита и Нагоричане.
Фреските во црквата Св. Климент стојат меѓу две епохи на византиското ѕидно сликарство, она монументално што е исполнето во целиот XIII век и тоа што го опфаќа сликарството во првата половина на XIV век. Поради ерупцијата на наративноста, поради воведувањето на безброј фигури распоредени по ѕидовите на црквите и по сите композиции, тие отвораат нова епоха која кај нас ќе се заврши во Дечани. Во тоа е и нивното значење. Во 1365 година, кон северната страна на црквата е подигнат и живописан параклис од страна на деволскиот архиепископ Григорие. Подоцна, фреските кои во прилична мера биле премачкани со малтер, за време на конзерваторските работи на црквата се откриени. Тие лежеле со векови под малтер, непознати за јавноста и за науката. Меѓутоа, позначајните зачувани фигури и композиции се:
св. Архангел, Кузман и Дамјан, а на западната страна „Успение Богородичино", „Влегување во Ерусалим" фрагментирано зачувана композиција „Вознесение Христово" и др.
Конзерваторските работи на фреските во тремот, изведени во летото во 1960 година, овозможија да се дојде до датирање на живописот, а оние места што беа покриени со наслојки од вар и боја, станаа наполно видливи.
На западната фасада од северниот параклис, по отстранувањето на дрвениот таван на тремот, беа откриени портретите на кралот Урош, на Гргур и Вук Бранковиќ синови на Бранко Младеновиќ. Над вратата е претставен до градите св. Григорие Богослов, а јужно од влезот е портретот на архиепископот Григорие. До него бил Григорие Деволски, ктитор на параклисот.
Во тие години е подигнат и живописан и јужниот параклис. Фреските во овој параклис се работени од зографи со посебни мајсторски квалитети, за разлика од тој во северниот параклис.
Фреските на северната фасада од црквата го илустрираат Богородичиниот акатист и припаѓаат на времето од 1365 година, кога бил насликан северниот параклис на неговата западна фасада. На истото време му припаѓа и првата наслојка фрески на западната фасада од црквата, како и тие на јужната, каде што била насликана грлемата композиција „Страшниот суд". Во XIV век била изработена дрвената скулптура на Климент, што претставува вистинска реткост во нашата средновековна уметност. Подоцна, во 1540 година, во инкрустација од седеф, бил изработен епископскиот стол на архиепископот Прохор и владичкиот стол, на митрополитот Григорие работен во резба во 1895 год.
На дрвениот иконостас, што постоеше пред конзерваторските работи, се наоѓаа икони на познатиот зограф од XIX век, зограф Дичо, денес поместени во северниот и јужниот параклис.
Внатрешниот амбиент на црквата го надополнува мермерниот иконостас (реконструкција на стариот) и многуте икони изложени во тремот на црквата.