Free Web Hosting Provider - Web Hosting - E-commerce - High Speed Internet - Free Web Page
Search the Web

ЦРКВАТА СВ. ЛЕОНТИЕ С. ВОДОЧА

Манастирската црква Св. Леонтие во с. Водоча, денес во урнатини, се наоѓа на 45 километри северозападно од Струмица, на падините од планината Еленица.

За подигањето на самиот манастир нема точни историски податоци, но може да се претпоставува дека манастирската црква Св. Леонтие потекнува од времето на цар Самуил. Според една легенда, по битката на Беласица во 1014 година помеѓу византискиот император Василие II и македонскиот цар Самуил, кога последниот бил поразен во с. Водоча, дошло до ослепување на 14.000 Самуилови војници и поради „вадиочи" селото го добило името Водоча.

Уште од своите први истражувања, овој манастир со право се смета за седиште на струмичките епископи. Струмичката епископија за првпат се споменува во 1018 година во повелбите на Василие II, време кога пропаднала Самуиловата држава.

Во еден хилендарски акт од 1376 година, водочкиот епископ Данил и банскиот епископ Григорие со претставниците на световната власт ги решавале споровите околу границите на хилендарските имоти во околината на Струмица. Тука се споменуваат и две епископии: водочката и банската. Седиштето на првата било во Водоча, а на втората во Велбужд. Струмичките епископи служеле во водочкиот манастир Св. Леонтие. Според некои луѓе се смета дека манастирот Св. Леонтие во Водоча бил седиште на струмичката епископија се додека не бил срушен.

Урнатините на манастирот Водоча за првпат во литературата се спомнуваат во патните белешки на В. Григорие, а во географскиот опис на струмичкиот крај од архимандритот Герасим, подоцна струмички митрополит, во описот на манастирот Водоча, забележува дека во 1896 година манастирската црква не била толку разрушена. Требало да се обноват само куполата и вратите за да стане убава црква. Меѓутоа, манастирската црква се повеќе пропаѓала. Изгледот на црквата пред повеќе од 50 години бил подруг. Била зачувана куполата на црквата на која стоел и крст. Црквата имала и добро зачувани фрески, особено најужниот дел, велат очевидците од село Водоча.

Во централниот дел од црквата постоеле мермерни столбови. Истите биле извадени и однесени во Струмица, а денеска се наоѓаат во дворот на малото црквиче Св. Петнаесет. Од напуштената црква почнале да изнесуваат и мермерни плочи со грчки натписи. Една таква била однесена во Бугарија а друга во Константинопол. Конечно, во 1931 год., од силниот земјотрес што го зафатил тој крај, се урнале сводовите на црквата и таа престанала да биде култно место.

Манастирската црква Св. Леонтие, според најновите резултати од истражувањата, има три фази на градба, односно доградби. Најстариот дел на црквата се наоѓа на источната страна. Зачувани се само остатоци на висина од три метри и тоа од олтарниот дел. За овие остатоци се смета дека и припаѓаат на една палеовизантиска базилика.

Кога веќе првобитната базилика е срушена, кон западната страна била подигната црква во облик на впишан крст. Од оваа црква веднаш ќе ги видиме почетоците на нашето средновековно ѕидно сликарство во Источна Македонија. Покрај фрагментарно зачуваниот живопис којшто се спротивставил на времето, на полуурнатите ѕидови, сводови и заѕидани влезови, во 1958 година, во внатрешноста на црквата беа откриени и симнати одлично зачувани фрески на двата ѓакона Исавриј и Еуплос, на влезовите од олтарот во ѓакониконот и проскомидијата. Тука за првпат ги видовме зачуваните фрески од XI век, кои ни укажуваат на аналогиите со живописот на црквата Св. Софија во Охрид и тие од црквата Св. Врачи во Костур. Откривањето на двата портрета подоцна значеше и точно датирање на црквата во облик на впишан крст, од која се зачувани сводови, ѕидови, но куполата која се наоѓала на пресекот од главниот кораб со трем сепак е срушена. За време на археолошките ископувања пронајдена е олтарната апсида со своите темели, со што беше конечно разјаснето постоењето на една црква од XI век со зачуваните споменати гакони.

До проширување на манастирската црква дошло подоцна, во текот на XII век, при што е изградена големата источнакрстообразна црква. Проширувањето на црквата значело и декорирање со фрески по нејзините внатрешни ѕидни површини. Иако времето сторило тие фрески да бидат доста уништени, зачувани се ликови на архиереи во олтарната апсида. Тие ни сведочат за една подоцнежна епоха, за еден друг стил на фрескосликарство, за разлика од фреските од XI век што ги спомнавме и што и припаѓаат на црквата од XI век. Фреските од втората црква од XII век зборуваат за еден континуитет на нашето средновековно ѕидно сликарство. Насликаните архиереи во олтарната апсида во став на еп Гасе и црните крстови на нивните амофори и бели фелони зборуваат за архаичност, за елементи примени од византиската уметност. Фрески од втората црква која се смета дека е од XII век беа зачувани на повеќе места по ѕидовите на црквата: остатоци од Богородичниот престол во олтарната апсида, фронтално насликани два архиереја, исто во олтарната апсида, Богородица со Христа на влезот од наосот во јужниот кораб, фигура на ѓакон на влезот од олтарот во проскомидијата. Во јужниот кораб беше симнат и мал остаток од познатата композиција „Четириесет маченици" за која во литературата се објаснуваше дека припаѓа на живопис од XI век.

Негде во втората половииа на XIV век, кон западната страна на црквата, била подигната припрата. Веројатно дека и овој дел на црквата бил живописан, што може да се заклучи по се уште зачуваниот живопис на сводот, заѕиданиот аркосолиј на северната страна од припратата. Овој дел на црквата спаѓа меѓу најоштетените делови, оттука и слабо зачуваните фрески.

За да не пропаднат остатоците на фреските од трите временски периоди, Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата во 1958 година реши да ги симне останатите фрески и да ги конзервира. Денес тие фрески, изложени во Народниот музеј во Штип, иако не се јп ѕЈ1и, зборуваат за едно минато, за една епоха, за една култура на еден народ.

Други многубројни предмеги се откриени при расчистувањето на урнатините. Тоа се мермерни плочи со орнаментика, мермерни столбови, веројатно од иконостасот и плоча со грчки натпис.

Врз основа на изготвениот елаборат и проект за конзервација и реставрација, манастирската црква Св. Леонтие во с. Водоча, во границите на можностите, ќе го добие својот поранешен изглед, и ќе претставува вистински споменик на културата презентиран на нашата јавност.

WWW.ECCF.UKIM.EDU.MK/SEMPC